Достапни линкови

logo-print

Меркел ја доби поддршката од парламентот пред самитот во ЕУ


Германскиот парламент денеска ги поддржа плановите за зголемување на ефикасноста на фондот за спасување на еврозоната. Пратениците гласаа со 503 гласа „за “ и 89 „против“ за зајaкнување на фондот од 440 милијари евра. Тоа ја праќа германската канцералка Ангела Меркел на самитот во ЕУ со силен мандат за потпишување на договор.
Таа претходно во својот говор во Бундестагот изјави дека проблемот со еврото мора да биде решен сега или никогаш. Меркел истакна дека приватните кредитори мора да отпишат голем дел од грчките обврзници, ако Грција го намали огромниот владин долг и ја нагласи потребата од осигурување дека кризата нема да се прошири во друготе земји од еврозоната.
XS
SM
MD
LG