Достапни линкови

Писма без ефект


Бројни писма од разни организации, асоцијации, федерации доби еврокомесарот Штефан Филе за изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК .

Бројни писма од разни организации, асоцијации, федерации доби еврокомесарот Штефан Филе за изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК .

Според дел од експертите, писмата упатени до еврокомесарот Филе за неупотребата на придавката „македонски“ се за домашна употреба и нема да го сменат ставот на ЕУ.

Писмата што деновиве беа испратени до еврокомесарот Штефан Филе, служат само за домашна употреба, со нив нема да се смени ставот на ЕУ, коментираат дел од експертите. По објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, разни групации, асоцијации, неформални и формални здруженија, институти и федерации, му испратија писмо на Филе реагирајќи за изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот.
Писмата дури наликуваат на типични тоталитарни системи. Обично во тоталитарни системи реакциите со подршка на привиот човек на државата, премиер или претседател, обично така реагираат.

Писмото до Филе, беше главна тема и на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер. Еве само дел од постовите.

„Жените плетачки му исплетоа протестно миленце на Филе“

„После неколку неуспешни обиди, конечно и првачињата му пишаа на Филе.“

„Баба ми ме прашува за адресата на Филе.“

„Ќе се издава Првиот том од романот „Писмодофиле“. Се молат тие што досега не испратиле писмо до Филе да напишат барем по едно.“[За отворање на линкот мора да имате отворено корисничка сметка на Твитер].
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот на Македонија Никола Груевски на средба во Скопје на 17 февруари 2009 година.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот на Македонија Никола Груевски на средба во Скопје на 17 февруари 2009 година.


„Елена ќерка напиша две писма - едно до градот Едрене, а другото до Филе.“

Иако ЕК направи еден пропуст со изоставувањето на придавката „македонски“, сепак реакциите во вид на писма не помагаат во односите на Македонија со ЕУ, вели аналитичарот Исмет Рамадани. Тој вели дека по првата реакција на премиерот Груевски се очекувало да бидат инструирани вакви реакции од повеќе институции.​
Нешто официјално нормално дека не можеме да очекуваме, но самиот притисок кој што доаѓа од цивилното општество, еден граѓански дел кој што се појави поради поедноставување на придавката сметам дека ќе има определено влијание, сега дали големо или мало, тоа никој неможе да каже.

„Писмата дури наликуваат на типични тоталитарни системи. Обично во тоталитарни системи реакциите со подршка на привиот човек на државата, премиер или претседател, обично така реагираат.“

Важно е што и општеството покажа дека постои проблем во односот на Унијата кон придавката „македонски“. Во тој контекст писмата ќе имаат влијание, за да се искаже револтот, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

„Нешто официјално нормално дека не можеме да очекуваме, но самиот притисок кој што доаѓа од цивилното општество, еден граѓански дел кој што се појави поради поедноставување на придавката сметам дека ќе има определено влијание, сега дали големо или мало, тоа никој неможе да каже.“

Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера се сретна со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во Стразбур. Иако медиумите блиски до власта најавија дека на средбата Попоски ќе бара отчет од Филе за извештајот и ќе побара, изоставувањето на придавката „македонски“, да не се повтори, судејќи според соопштенијата и од македонското МНР и од кабинетот на Филе, на средбата не станало ниту збор за „македонски“.

„Имавме можност исто така да го споделиме фактот дека вредностите на европската интеграција треба бидат споделени подеднакво и од земјите-членки и од земјите-кандидатки и сите институции. Дел од нив се однесуваат и на зачувување на идентитетските права. Во овој поглед она што мислам дека ќе ни помогне е да задржиме една конзистентност во овој правец“, изјави Попоски по средбата.

Подоцна министерот во изјава за МИА вели дека на Филе му укажал дека пристапот на избегнување на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК се коси со европските вредности.

Иако, во вчерашното соопштение од МНР, по средбата на Попоски со Филе, немаше ниту збор за изоставувањето на придавката „македонски“ во извештајот од ЕК, МНР денеска демантира „определени дезинформации или своеволни неточни толкувања на изјавата на министерот Попоски, кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на средбата на МНР Попоски со еврокомесарот Фуле“.

„На вчерашната средба со еврокомесарот Филе, од страна на министерот за надворешни работи, Попоски, беше отворено прашањето за изоставувањето на придавката „македонски“ од последниот Извештај на ЕК и од наша страна беше побарано таквиот пристап на ЕК да биде корегиран. Најголем дел од средбата беше одвоен за оваа тема, при што беше јасно нагласено дека ваков пристап е спротивен на европските вредности кои ЕК треба да ги промовира“, се наведува во денешниот демант од МНР.

За подетални информации за тоа што се зборувало на средбата ќе останеме покуси, бидејќи Попоски во Стразбур не беше придружуван од новинари. Според наши сознанија бил присутен само снимател од МТВ, а изјава од министерот веројатно зел неговиот портпарол. Но, портпаролот, Борче Стамов, вели дека на патувањето бил и „некој“ новинар од МТВ.

Медиумите пренесоа дека до кабинетот на Филе стигнале многу писма, и дека на истите ќе им биде соодветно одговорено.

Дали писмата до Филе ќе променат нешто или се политички трик за домашна употреба? Погледнете ја анкетата и коментирајте тука.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG