Достапни линкови

Колку и како трошеле партиите?


Извештајот за финансирање на партиите за време на изборите пред Антикорупциска комисија. Партиите спокојни пред малите казни за евентуални нерегуларности.

Државната комисија за спречување на корупција денеска расправа за извештајот за финансирање на партиите за време на изборниот процес. Од Аниткорупциска велат дека извештајот е обемен и содржи забелешки за повеќе партии и медиуми, но конкретните податоци за нерегуларностите ќе ги објават по одржувањето на седницата.
Таму имате некои бенингни одредби за парични казни кои прекршителите на законот, што би се рекло со две раце ќе потпишат и ќе ја прифатат таквата казна.
Драган Малиновски, поранешен член на Антикорупциската комисија.

Првиот човек на Антикорупциска, Воислав Зафировски изјави дека ги зеле и банкарските изводи за финансирањето на партиите, бидејќи било неопходно да се вкрстат сите информации за да се извлечат клучните податоци и да се направи анализа со која ќе излезат пред Собранието.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека боде во очи тоа што антикорупциска реши да ги расчисти дилемите, по критиките во извештајот на ЕК, а останува отворено прашањето кои се последиците и кој ќе одговара за нерегуларностите.

„Таму имате некои бенингни одредби за парични казни кои прекршителите на законот, што би се рекло со две раце ќе потпишат и ќе ја прифатат таквата казна со оглед да ефектот кој што го постигнале со таквите нерегуларности е повеќе од очигледен.“
Експертите велат дека потребни се построги санкции за евентуалните нерегуларности
Експертите велат дека потребни се построги санкции за евентуалните нерегуларности


Претседателката на Транспаренси Интернеjшнaл во Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека потребни се построги мерки.

„Затоа што не е доволна само оваа санкција којашто е воведена во законот бидејќи, тоа се минимални средства според оние што ги трошат партиите за кампањи, тие можат да си дозволат да платат таква казна. За да се воведат поголеми санкции се разбира институциите од министерството за правда до Собранието.“
Затоа што не е доволна само оваа санкција којашто е воведена во законот бидејќи тоа се минимални средства според оние што ги трошат партиите за кампањи, тие можат да си дозволат да платат таква казна.
Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернејшнал за Македонија.

Освен што казните се смешни, Малиновски вели дека и институциите потфрлаат во својата работа, бидејќи топката не е само кај Антикорупциска. Не треба да се заборави дека прекршувањето на финансирањето на изборниот процес е и кривично дело со кое се соочува и претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, додава Малиновски.

„Токму затоа треба докрај да се расчисти и да се има една доследност при примената на законот и да се види секој што ја прекршил изборната кампања, а има елементи на кривично дело во таквото прекршување треба со него и Јавниот обвинител да се позанимава.“

Во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија е нотирано дека законската рамка и преземните мерки во однос на финансирањето на политичките партии се недоволни и остануваат нејасни иституционалната структура и системот за санкција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG