Достапни линкови

logo-print

Арапската Лига во мисија за помирување во Сирија


Делегација на министри за надворешни работи од неколку арапски земји, пристигна денеска во Сирија, во мисија на помирување меѓу власта и опозицијата во таа земја. Опозицијата во Сирија го отфрла повикот на Арапската Лига за помирување, одбивајки секакви преговори со власта се додека претседателот Башар Ал Асад не си поднесе оставка и не престане со употребата на сила врз демонстрантите. Според Обединетите Нации, во насилствата во Сирија, од почетокот на протестите досега, биле убиени околу 3.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG