Достапни линкови

Турција бара меѓународна помош за настраданите од земјотресот


Турција бара меѓународна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес, откако првично сметаше дека нема да и биде потребна. Според турските медиуми, официјална Анкара им се обратила за помош на 30-тина земји, меѓу кои и на Израел. Во меѓувреме, продолжуваат и спасувачките операции, а жителите на погодените подрачја се жалат дека властите се бавни во доставувањето помош. Инаку, во еден затвор во провинцијата Ван дошло до бунт и до судири со стражарите откако властите одбиле да ги префрлат затворениците на побезбедно место. Во земјотресот со јачина од 7,2 степени во провинцијата Ван во Турција, загинаа најмалку 459 луѓе, а над 2000 објекти биле уништени.
XS
SM
MD
LG