Достапни линкови

logo-print

Собрание-Сиромаштија има, но не и мерки за справување со неа


Пратениците синоќа со 54 гласа „против“ не ги усвоија предложените заклучоци по Информацијата за порастот на невработеноста и сиромаштијата во Македонија, поднесена од пратеници од опозицијата.
Пратеничката група на СДСМ предложи да се зголеми поддршката на социјални пакети за парична помош за 40 отсто, да се усвои законот за стечајни работници, да се обезбеди социјална парична помош за подмирување на основните трошоци за семејствата кои остваруваат минимални примања, земјоделците да бидат ослободени од плаќање придонеси, да се донесе закон за минимална плата.
Опозицијата предложи двојно да се зголемат средствата за активните политики за вработување, за самовработување, за субвенционирање на вработување на млади луѓе и за бизнис плановите.
За пратениците на ДУИ, темата на која се разговарало била сериозна и сензитивна тема.
„ Се согласуваме дека во Република Македонија постои сиромаштија и невработеност. Постои песимизам. Цениме дека оваа коалција нуди стратегија и сериозни програми за излез од оваа состојба, изјави Сузана Салиу од ДУИ.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека генерално состојбата во земјата е тешка, но дека Владата го вади максимумот за државата.
XS
SM
MD
LG