Достапни линкови

Лидерите на еврозоната повторно ќе дебатираат за кризата


Францускиот претседател Никола Саркози
и германската канцеларка Ангела Меркел

Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел

Лидерите на еврозоната денеска треба да се состанат за да го договорат планот за справување со влошувачката криза во еврозоната. Тие се надеваат дека ќе се финализира планот кој вклучува отпишување на дополнителен дел од грчкиот долг и подигање на капиталот на ослабените банки, планот вклучува и зголемување на овластувањата на спасувачкиот фонд на еврозоната.

Пред одржување на состанокот, лидерите ја притискаа Италија да ги протурка економските реформи, меѓу кои и зголемување на старосната границата за пензија. Но клучниот сојузник во Владата на премиерот Силвио Берлускони се противи на таквата идеја.

Одговарајќи на притисокот од францускиот претседател Никола Саркози
и германската канцеларка Ангела Меркел, Берлускони изјави дека никој не може да и „држи“, лекции на Италија. Состанокот треба да започне доцна попладне.
XS
SM
MD
LG