Достапни линкови

КФОР не прифаќа услови за слободно движење


Портпаролот на КФОР Уве Новицки денеска за Радио Слободна Европа изјави дека меѓународната мисија во Косово не прифаќа никакви услови за слободно движење, затоа што тоа треба да подразбира и меѓународните организации и граѓаните на Косово да можат на сите страни слободно да се движат. Тој додаде дека командантот на КФОР Ерхард Древс тоа јасно им го кажал минатата сабота и на претставниците на општините во Северно Косово.
Тие денеска упатија писмо до Древс во кои го повикуваат на нова рунда разговори за проблемот со барикадите нудејќи компромисно решение со кое КФОР и ЕУЛЕКС ќе можат слободно да се движат низ премините само доколку не превезуваат косовски цариници и полицajци.
XS
SM
MD
LG