Достапни линкови

logo-print

Речиси 450 тела се извлечени под урнатините во Турција


Турските власти соопштија дека бројот на загинати при земјотресот во провинцијата Ван изнесува речиси 450. Спасувачките екипи тврдат дека по 48 часа од земјотресот шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините се намалуваат . Во југоисточниот дел на Турција се урнаа вкупно 2 260 згради а хоспитализирани се околу 1300 луѓе. Илјадници луѓе последниве две ноќи ги поминале под отворено небо. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција за сега може да се справи сама со кризата и дека не и е потребна меѓународна помош.
XS
SM
MD
LG