Достапни линкови

Политички препукувања за „пари во шише“ и убиството на Нешковски


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ денеска ја обвини власта за селективен пристап во разрешувањето во случаите како пари во шише“ и смртта на Мартин Нешковски. Пратеникот Јани Макрадулу на прес конференција изјави дека ниту возачот на Срѓан Керим самоиницијативно тргнал со 750 илјади евра во пластично шише во обид со нив да влезе во ЕУ, ниту специјалецот Игор Спасов можел да биде толку блиску до премиерот и министерката за внатрешни работи ако бил случајно на плоштад.
Во писмената реакција на МВР е наведено дека Макрадули неаргументирано го девалвира правниот систем и дека според нив сосема легитимно е тој и СДСМ да застанат во одбрана на алибито на обвинетиот за убиството од 6-ти јули годинава и да му помогнат при барањето олеснителни околности но, како што се вели во реакцијата, срамно и недозволиво е без ниту еден доказ да се обвинуваат крим-полицијата, јавниот обвинител и истражниот судија за прикривање докази.
По прес конфернциата на СДСМ со писмена реакција се јави и Срѓан Керим во која е наведено дека Макрадули решил да гази преку лешеви за да го почувствува опојниот мирис на власта така како што тој ја доживува и дека трите недокажани тврдења кои тој ги смета за факти, ќе има прилика да ги докаже пред надлежен судски орган.
XS
SM
MD
LG