Достапни линкови

logo-print

Премиера на „4.48 Психоза“


Слики од претставата „4.48 Психоза“

Слики од претставата „4.48 Психоза“

Премиерата на претставата 4.48 Психоза, по текст на Сара Кејн и во режија на Ѓорѓи Јолевски, ќе се одржи во сабота на големата сцена на МНТ.

Сара Кејн е англиска драмска писателка која спаѓа меѓу најзначајните во втората половина на 20 век. Родена е на 3 февруари 1971 година во Брентвуд, Есекс. Покрај длабоката депресија која ја мачела повеќе години, таа бавно и мачно, но упорно пишувала.

Нејзините пиеси Разрушено, Љубовта на Федра, Збришано, Копнеж... спаѓаат меѓу најдобрите што се напишани во една декада набиена со сначајни дела. Кејн во чија сфера на интересирање биле темите за љубовта, смртта, сексот, насилството и лудилото, со својот опус постојано ги предизвикувала ограничувањата на ​традиционалната форма и заедно со најталентираните претставници на сопствената генерација создава драмска форма именувана в лице, всушност нова форма која се разделува со конвенциите на натуралистичкиот театар. Умира 1999 година одземајќи си го животот, а нејзиното последно дело 4.48 Психоза е изведено постхумно.

Во нејзините реплики, стихови, постои неверојатна емоција, којашто вришти, којашто крика, неверојатна желба за допир, прегратка, љубов, се разбира неочекувајќи конвенциите на системот да и помогнат во тоа туку таа оди во некаква слободна форма.
„Во нејзините реплики, стихови, постои неверојатна емоција, којашто вришти, која штокрика, неверојатна желба за допир, прегратка, љубов, се разбира неочекувајќи конвенциите на системот да и помогнат во тоа туку таа оди во некаква слободна форма“, вели режисерот Ѓорѓи Јолевски во пресрет на премиерната изведба на 4.48 Психоза на големата сцена на Македонскиот народен театар.

Пиесата е копродукциски проект на театар Квартет и нашата национална установа и во неа улогите ги толкуваат младите актери Александар Ѓорѓиески и Никола Ацески. Тој истакнува дека ова нему му е четврта професионална соработка со режисерот и дека тие ќе се обидат да претстават еден поинаков театарски израз.

„Сакаме да покажеме како функционира свеста и потсвеста на самата авторка, односно на самиот лик во претставата, што значи дека јас и Александар Ѓорѓиески играме свест и потсвест.“

Изборот на музиката во 4.48 Психоза е на Горан Путица, аудиовизуелните материјали ги подготви Срѓан Јаничиевиќ, а со својот глас во претставата како гостинка учествува и актерката Арна Шијак.
Инаку, проектор е подржан од Министерствот за култура и со него театар Квартет ја одбележува 15 годишнината од своето постоење – перидот во кој Јолевски, Синоличка Трпкова и останатите креативци собрани под ова име, низ неколку претстави, трагаа по новата и оригинална форма на уметничко делување.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG