Достапни линкови

Крушево ќе го развива туризмот


Архивска фотографија: Етноград Крушево.
Архивска фотографија: Етноград Крушево.

Локалната самоуправа на Крушево најавува развој на туризмот во градот и за таа цел започна со реализација на повеќе проекти.

Крушево ќе го развива туризмот и ќе ги проширува спортските капацитети. Локалната самоуправа одлучи да реализира бројни проекти кои ќе го привлечат вниманието на туристите не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година. Акцентот ќе биде ставен на проектот за хортикултурно уредување на месноста „Мечкин Камен“. Просторот околу, но и патот до споменикот ќе добие ново партерно уредување, со плочи од минерали кои се автентични за крушевско -
И таа туристичка понуда, тие спортисти кои доаѓаат преку целата година, а годинава имаше преку 400 спортисти кои летаа од планините на Крушево и мислам сето да го организираме добро.
Васко Дамчески, градоначалник на Крушево.
прилепското поднебје.

„Ќе има еден цветен аранжман околу самиот споменик. Потоа ќе има елипсовидни кругови од гранитна коцка, од сивиот гранит кој што е автентичен за ова поднебје. Исто така ќе бидат застапени старите крушевски плочи. Ќе има еден амфитеатрален дел каде што ќе може оние делегации кои доаѓаат да имаат свое место. Комплетната природа не се нарушува со самата изградба. Од самите тие кругови ќе одат неколку патеки кои го симболизираат македонското знаме“, објаснува градоначалникот Васко Дамчески.
Манифестација „Етноград“ Крушево.
Манифестација „Етноград“ Крушево.

Според идејниот проект, околу патеките на камени кругови ќе бидат испишани имињата на револуционерите кои загинале на Мечкин Камен. Ќе бидат изградени две мали вештачки езерца, збогатени со цветен аранжман, така што оваа историска месност ќе стане значајна точка од туристичката мапа и на градот и на државата. За таа цел ќе се уредат и терените за параглајдинг.

Надморската височина, условите кои што ги дава воздухот, климата... сето тоа треба да се искористи за да се даде еден друг импут на туризмот и на развојот на туризмот и на општината.
Васко Дамчески, градоначалник на Крушево.
„И таа туристичка понуда, тие спортисти кои доаѓаат преку целата година, а годинава имаше преку 400 спортисти кои летаа од планините на Крушево и мислам сето да го организираме добро.“

Со цел да го развива туризмот, Општината со финансиска помош од Владата, реализира и проект за уредување на вештачкото езеро.

„Околу крушевското вештачко езеро ќе се изгради целосно велосипедска и пешачка патека и осветлување и хортикултурно уредување. Исто така на тој локалитет, локалната самоуправа ќе го дозаврши игралиштето за одбојка на плажа, каде што треба да се одржат неколку турнири наредната сезона“, изјави градоначалникот Дамчески.

Исто така ќе се градат две тениски игралишта, мал затворен олимписки базен и нова спортска сала. Се заедно според стратегијата на локалната власт треба да придонесе спортските екипи од државава токму во Крушево да ги одржуваат своите припреми.

„Надморската височина, условите кои што ги дава воздухот, климата... сето тоа треба да се искористи за да се даде еден друг импут на туризмот и на развојот на туризмот и на општината.“

Овие проекти, како и Спомен куќата на Тоше Проески која што за 4 месеци, ја посетија над 120.000 туристи, проектот „Крушево-етно град“, промоцијата на традиционалната храна и занаетчиството ќе овозможат да се врати сјајот на оваа мала општина, со околу 10.000 жители.

Процентот на невработеноста и стопанскиот колапс се причини што локалната власт максимално се залага преку туризам и инфраструктурни проекти да ја зголеми туристичката понуда и да се отворат нови работни места.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG