Достапни линкови

logo-print

Соопштението на Филе подетално од тоа на МНР за средбата во Стразбур


Во соопштението од кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски е наведено дека Комисијата ја истакнува потребата од удвојување на напорите за изнаоѓање на решение за спорот со името без одложување. Одржувањето на добрососедските односи и изнаѓање на заедничко прифатливо решение за спорот со името под покровителство на Обединетите Нации и понатаму останува да биде од суштинско значење се вели во соопштението. Еврокомесарот Филе додава дека имал продуктивна средба со министерот Попоски на која разговарале за идната соработка по објавувањето на извештајот за напредокот на земјата. Во продожение се вели дека потребни се дополнителни напори за решавање на клучните предизвици и дека Комисијата со нетрепение очекува да работи со владата по тие прашања. Во соопштението како основни предизвици се наведени загриженоста за слободата на медиумите, реформите во судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, како и зајакнување на политичкиот дијалог, решавање на недостатоците во ефективно спроведување на законодавството и намалување на високата стапка на невработеност. Филе додава дека Комисијата има намера да ја продлабочи соработката за овие прашања есенва преку Пристапниот дијалог на високо ниво и на економско- политичката конференција.
XS
SM
MD
LG