Достапни линкови

logo-print

Романскиот крал одржа говор во Собранието


Романскиот поранешен крал Михаил денеска за прв пат оддржа говор во парламентот, откако пред 60 години советските комунисти го принудија да се откаже од тронот. Тој пред пратениците изјави дека не може една земја да има иднина без почит кон своето минито.
Поранешниот крал кој денеска полни 90 години, по говорот доби овации и громогласен аплауз.
Денешниот настан ја покажува поделеноста во земјата за минатото. Претседателот Трајан Басеску кој до сега го критикуваше поранешниот крај нарекувајќи го „ Слуга на Русија“ денеска не присуствуваше во парламентот. Михаил е најстар европски поранешен монарх и еден од последните преживени Втората Светска Војна. Неколкумина претставници на кралски семејстав ќе бидат присутни на церемонијата за неговиот роденден која ќе се одржи во Букурешт.
XS
SM
MD
LG