Достапни линкови

Обвинетиот за атентат на Саудискиот дипломат се изјасни за невин


Човекот што е обвинет за заговор за атентат врз саудискиот амбасадор во САД денеска се изјасни за невин во судот во Њујорк. Станува збор за Мансор Арбабсиар кој беше уапсен на 29 септември поради тврдењето на американските власти дека е замешан во обидот за убиство на амбасадорот. Тој се соочува со неколку обвиненија како заговор за убиство на странски фунционер, заговор за тероризам и за користење на оружје за масовно уништување. Американските власи сметаат дека неговиот соучесник е во Иран. Според американските наводи двајцата обвинети биле агенти на иранската влада. Техеран ги негираше овие обвиненија.
XS
SM
MD
LG