Достапни линкови

Средба Иванов - Комшиќ


Претседателот Иванов и претседавачот на босанското Претседателство, Жељко Комшиќ.

Претседателот Иванов и претседавачот на босанското Претседателство, Жељко Комшиќ.

Процесот на прекројување на границите на Балканот е завршена приказна, а евентуалните проблеми треба да се решаваат преку дијалог - заклучок од средбата Иванов-Комшиќ.

На прашањето дали се можни прекројувања на границите на Балканот, Претседавачот на босанското Претседателство, Жељко Комшиќ, рече дека смета оти веќе е завршен процесот на цртање на границите на Балканот и дека секое повторно отворање на ова прашање неизбежно води во некој вид на конфликт. Тој посочи дека Балканот може да плати многу висока цена ако на кое било место во регионот се постави прашањето за цртање на нови граници.
Јас мислам, се надевам и посакувам дека таа приказна е завршена за овој регион. Треба пред се да се посветиме на економскиот развој, а паралелно и на евроатлантските интеграции.

„Јас мислам, се надевам и посакувам дека таа приказна е завршена за овој регион. Треба пред се да се посветиме на економскиот развој, а паралелно и на евроатлантските интеграции бидејќи тоа е сериозна работа која на сите нас ни носи корист отколку да се занимаваме евентуално со цртање на нови граници и да ги отвараме тие приказни.“

Претседателот Ѓорге Иванов повтори дека дека регионот веќе влезе во процес кој е незапирлив и чија цел е релативизирање на границите. Проблемите во Унијата кои се резултат на економската криза, како што оцени Иванов, ни оставаат простор да ги задоволиме критериумите кои ни се зададени за полесно да влеземе во ЕУ. Претседателот Иванов и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Комшиќ, по денешната средба во Скопје порачаа дека проблемите на Балканот треба да се решаваат единствено преку дијалог.
Тоа го истакнавме и во нашиот разговор дека секој проблем мора преку дијалог да се решава и да се наоѓа решение кое ќе биде во прилог на мирот и мирот да завладее на целиот Балкан.

„Не може да ги генерализираме одредени проблеми кои постојат на Балканот, знаете каква историја имал Балканот и се надеваме дека ваквите проблеми нема да важат за целиот Балкан. Тоа го истакнавме и во нашиот разговор дека секој проблем мора преку дијалог да се решава и да се наоѓа решение кое ќе биде во прилог на мирот и мирот да завладее на целиот Балкан. Некој пат тој дијалог има застој, меѓутоа не смее да се блокира еден процес кој преку дијалог доаѓа до решение.“

Иванов рече дека со неговиот колега отворено разговарале и за политичките и економските односи меѓу двете земји кои се оценети како одлични и без отворени прашања.

Комшиќ, кој на покана на Иванов од денеска е во дводневна посета на Македонија, имаше средба и со премиерот Никола Груевски, а ќе ги посети Музејот на Холокаустот и Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG