Достапни линкови

Тони Блер ангажиран како економски советник на Казахстан


Казахстан денеска соопшти дека го ангажирале поранешниот британски премиер Тони Блер како економски советник. Министертвото за надворешни работи соопшти дека Блер е еден од некололкумината странски политичари кои одговориле на поканата на владата за соработка, односно да ја советуваат за економската политика, за прашања поврзани со јавната администрација и меѓународна политика. Портпаролот на Блер за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјавил дека Блер само помогнал во формирање на советници без да стекне „личен профит“.
XS
SM
MD
LG