Достапни линкови

logo-print

Почнува фестивалот на современ танц


Од 24 до 29 октомври, со учество на 40-тина уметници, ќе се одржи четвртото издание на интернационалниот фестивал за современ танц и перформанс ЛОКОМОУШН.

Наводно на Клемент Лајес, Е.И.О како добитник на наградата Jardin d*Europe 2010 од Драгана Булут, Мариа Барончеа и Едуард Габиа, Фраза од Миа Бендин, (Не)Поврзаности на нашиот Кире Миладиновски, Спанбергианизам на Мартен Спанберг... се само некои од делата што ќе бидат изведени на годинешното издание на ЛОКОМОУШН – фестивалот за современ танц и перформанс што во претстојниве шест дена ќе се случува во Скопје.
Оваа година форматот на фестивалот го променивме, бидејќи сметаме дека има многу фестивали во нашата земја кои се ориентирани кон продукт, така што ние навистина сакавме да навлеземе во процесот и она што значи споделување на простор и заедничка енергија со публиката.

На манифестацијата ќе биде промовиран и Кураторскиот програм развиван од предлозите на учесниците, уметниците, теоретичарите и организаторите кои се двигатели на на случувањата во изведувачките уметности во Словенија, Чешка, Романија, Шведска, Франција, Швајцарија, Србија, Македонија и во други земји од регионот, на секојдневните вежби учество ќе земе и публиката, а уметниците ќе подготвуваат и специјални оброци со вегетаријанска храна за посетителите на настанот.

Говорејќи за годинешново издание на ЛОКОМОУШН – кураторката, кореографка и балетска уметница Искра Шукарова вели дека тие како организатори овојпат тргнале со идеја да ги преиспитаат границите помеѓу публиката и изведувачот.

„Оваа година форматот на фестивалот го променивме, бидејќи сметаме дека има многу фестивали во нашата земја кои се ориентирани кон продукт, така што ние навистина сакавме да навлеземе во процесот и она што значи споделување на простор и заедничка енергија со публиката.“

Инаку, по четири години самостојно и паралелно делување во сферата на презентирање на најновите и најиновативните дела на авторите од Европа и од Балканот, годинава се случи спојување на активностите на двата фестивала кои делуваа како дел од мрежата на Номад танц академијата – скопскиот ЛОКОМОУШН и КОНДЕНЗ од Белград. Тие заеднички работеа на развивањето на дел од програмата делејќи ги кураторските и организациските обврски, а во целиот процес драгоцена беше соработката со организацијата Хајбрис кунстпродакшн од Шведска.

Публиката да се почувствува како дел од едно современо дело, она што всушност се случува денес, сега и тука.
Шукрова забележува дека во иднина креативците сообрани во и околу Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата ќе се обидат ЛОКОМОУШН да продолжи во насока на следење на светските современи трендови што подразбира и негово дефестивализирање.

„Да не биде продуктот или гледачот недопирлив за некој кој што е од онаа страна, од страна на публиката, туку публиката да се почувствува како дел од едно современо дело, она што всушност се случува денес, сега и тука.“

И, конечно ЛОКОМОУШН, по успешното завршување на јубилејниот 30-ти Скопски џез фестивал, е уште еден значаен културен настан што силно ќе го анимира вниманието на публиката во Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG