Достапни линкови

Американскиот амбасадор повлечен од Сирија


Западните дипломати тврдат дека САД го повлекал својот амбасадор од Сирија поради загриженоста за неговата безбедност поради задушувањето на протестите против режимот на претседателот Бараш Ал Асад, јавуваат новинските агенции. Американскиот амбасадор Роберт Форд викендов го напуштил Дамаск јавува новинската агенција Ројтерс. Во изминативе неколку месеци Форд зборувал против сириската влада која насилно се однесува спрема демонстрантите. Поддржувачите на Асад го оценија неговиот став како „мешање во внатрешните работи на државата“. Според Обединетите Нации над 3 илјади луѓе загинале при насилното задушување на протестите кои почнаа во март.
XS
SM
MD
LG