Достапни линкови

Над 260 тела се извлечени под урнатините во Турција


Турскиот вицепремиер Бесир Аталај денеска изрази жалење што бројот на жртви од земјотресот е зголемен и што се очекува уште да расте. До сега се извлечени 260 тела од под уранатините додека околу 1300 луѓе се повредени. Аталај на прес конференцијата изјави дека во координација со владата се поставени шатори и се дистрибуира храна во провинцијата Ван која е најтешко погодена од земјотресот. Вчера источниот дел на Турција беше погоден од силен земјотрес со интезитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала.
XS
SM
MD
LG