Достапни линкови

НАТО: Околу 200 бунтовници убиени или заробени во Авганистан


НАТО соопшти дека 200 бунтовници биле убиени или заробени при воени операции кои само што завршиле во близина на границата со Пакистан во источниот дел на Авганистан. Генералот на ИСАФ мисијата Карстен Јакобсон изјави дека најмалку 20 бунтовници поврзани со Ал Каеда и со Хакани се меѓу убиените и заробените. Тој додаде дека 175 бунтовници кои не се поврзани со Хакани мрежата, биле убиени или заробени при воената операција што беше спроведена минатата недела. Безбедносните сили заплениле и 400 килограми експлозив, оружје и муниција.
XS
SM
MD
LG