Достапни линкови

logo-print

Косово - мирна ноќ на барикадите


Ноќта на барикади на северот на Косово помина мирно во очекување на вести од Белград за средбата на претседателот на тамошните општини со претседателот на Србија Борис Тадиќ.
Германските војници на Кфор во селото Јариње повторно употребија синоќа солзавец за да ги растераат србите кои беа собрани на тоа место. Граѓаните кои дежураа на барикадите не им дозволија на војниците да постават бодликава жица и да ја прошират својата зона на безбедност.
Барикади имаше поставено и на преминот Брњак на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG