Достапни линкови

logo-print

Уапсени демонстранти во Чикаго


Околу 130 демонстранти од движењето „Окупирај го Чикаго“ денеска се уапсени откако поставиле шатори во јавниот парк по завршувањето на работното време. Станува збор за мал прекршок па се очекува подоцна во текод на денот да бидат ослободени сите кои ќе се согласат да се појават в суд за ова дело, соопшти полицијата. Протестите кои пред еден месец почнаа во Њујорк под името „Окупирај го Вол Стрит“ се повеќе земаат замав во целиот свет. Демонстрантите протестираат против социјалната нееднаквост, коорпоративната алчност и големата невработеност.
XS
SM
MD
LG