Достапни линкови

Најмалку 500 луѓе загинале - првични проценки по земјотресот во Турција


Директорот на сеизмолошкиот институт во Истамбул Мустафа Ердик изјави дека првичните проценки се дека од 500 до 1000 луѓе загинале во Турција по земјотресот што го погоди источниот дел на земјата. Урнати се 30 згради и најмалу 50 лица се повредени јавуваат турските медиуми. Според мерењата на американската сеизмичка служба земјотресот бил со интезитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала. Кусо време по главниот потрес, се почувствувал уште еден со сила од 5,6 степени. Градот Ван е веројатно најтешко погоден од земјотресот

Турската новинска агенција Анадолу јави дека во градот Ван се урнале повеќе зданија, меѓу кои и една станбена зграда со седум спрата. Во неа веќе се пронадјени безживотни тела, а има и поголем број преживеани кои уште се под урнатините. Спасувачките екипи се на теренот. Во градот Ван живеат околу 380.000 луѓе

XS
SM
MD
LG