Достапни линкови

ЕУ го повика Асад да се откаже од фунцијата


Европската Унија повторно го повика сирискиот претседател Башар Ал Асад да се симне од власт и да дозволи мирна политичка транзиција. Во соопштението од ЕУ е наведено дека лидерите на земјите членки на Унијата го осудуваат насилството во Сирија кое режимот го спроведува врз својот народ: Според податоците на Обединетите Нации во изминативе неколку месеци загинале над 3 илјади луѓе. Воедно ЕУ ги поздравува обидите на опозицијата да подготви обедината платформа против режимот.
XS
SM
MD
LG