Достапни линкови

Клинтон се сретна со Камиров


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера се сретна со узбекситанскиот претседател Ислам Камиров . Во соопштението до Стејт Департментот е наведено дека Клинтон на средбата изразила загриженост за религиската слобода во земјата, за прекршувањето на човековите права. Таа истакнала дека се потребни демократски реформи во државата. Узбекистанската државна информативна агенција соопшти дека дека Клинтон и Камиров разговарале за значењето на државата за безбедноста во регионот изоставувајќи ги деловите од разговорот со критика за случувањата во земјата.
XS
SM
MD
LG