Достапни линкови

Џибрил жали што Гадафи не бил фатен жив


Либискиот привремен премиер Махмуд Џибрил денеска изрази жалење што Моамер Гадафи не бил фатен жив и изведен пред суд. Тој во интервју за Би Би Си изјави дека ќе беше подобро ако Гадафи беше фатен жив и му се судеше за злосторствата што ги направил затоа што во судот ќе требаше да објасни зашто. Џибрил порача дека новата власт во Либија е подготвена да создаде услови за објективна истрага околу смртта на Гадафи, како што тоа го бара Комесаријатот на ОН за човекови права.
XS
SM
MD
LG