Достапни линкови

Отворен Самитот во Брисел


Лидерите на ЕУ денеска го отворија Самитот во Брисел каде ќе разговараат за решавање на должничката криза во еврозоната. Се очекува на Самитот лидерите да постигнат договор за план за зајакнување на еврото и на европските банки, и да не се дозволи кризата да се прошири и во другите задолжени земји како Шпанија и Италија. Едно од многуте прашања за кои ќе се дикутира на Самитот е колку отсто од грчките долгови ќе треба банките да отпишат, односно колку ќе бидат во загуба. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека ова не е само грчка криза , туку европска и потребно е што е можно побрзо да се реагира.
XS
SM
MD
LG