Достапни линкови

Претседателски избори во Бугарија


Во Бугарија денеска беа отворени избирачките места на кои ќе се гласа за нов шеф на државата. Право на глас имаат околу 6,9 милиони Бугари, а очекувањата се дека на гласање ќе излезат околу 60 отсто. Бугарските граѓани со право на глас меѓу 21 предложен кандидат ќе го избираат наследникот на актуелниот шеф на државата Георги Парванов. Според анкетите на јавното мислење, главен фаворит за победа на изборите е актуелниот министер за инфраструктура и регионален развој Росен Плевнелиев, кој е кандидат на владеачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија на премиерот Бојков Борисов.
XS
SM
MD
LG