Достапни линкови

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба


Професор Томе Неноски

Професор Томе Неноски

Денеска во Македонија е државен празник, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.По тој повод, во свечената сала во Собранието на добитниците ќе им биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2011 година за остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети.
Добитници на оваа награда се проф. д-р Томе Неновски, за наука и за образование, писателот Паскал Гилевски и ликовниот уметник Коле Манев.
Централната прослава на Денот на македонската револуционерна борба, на која ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет.
На овој ден во 1893 година во Солун, беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) .
XS
SM
MD
LG