Достапни линкови

Дел од Западот критикува за начинот на кој е убиен Гадафи


Финските власти денеска упатија критики за насилната смрт на соборениот лидер Моамер Гадафи и предупредија дека начинот на кој е извршено убиството не му служи никому, најмалку на правдата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека начинот на кој загина Гадафи остава неодговорени многу прашања.
Шефот на секторот за заштита на човековите права во Обединетите Нации Нави Пилај побара да се спроведе истрага за начинот на кој е убиен Гадафи.
Воените команданти во Мисрата за новинската агенција Франс Прес изјавија дека нема да се направи аутопсија и покрај загиженоста што дел од западните земји ја изразија.Либиските власти се уште не одлучиле што ќе прават со посмртните останки на Гадафи.
XS
SM
MD
LG