Достапни линкови

Малики: Нов стратегиски договор со САД


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики вчера соопшти дека американските сили ќе се повлечат од Ирак до крајот на годинава. Тој изјави дека со ова се воведува нова фаза во односите, кој ќе биде регулиран со стратегиски рамковен договор кој наместо на воен и безбедносен план сега ќе биде фокусиран на развој на економски и научни области. Ваквото соопштение од Ирак и САД доаѓа по неуспехот во разговорите меѓу Вашингтон и Багдад за да останат дел од војниците во земјата. До крајот на годинава 40 илјади американски војници треба да се повлечат од Ирак.
XS
SM
MD
LG