Достапни линкови

Либискиот привремен премиер ќе се повлече од функцијата


Либискиот приверемен премиер Мaхмуд Џибрил изјави денеска дека планира да се повлече од фунцијата. Тој во својот говор на светскиот економски форум во Јордан изјави дека тој потег планирал да го направи откако неговата влада ќе ја преземе целосната контрола над државата. Новинската агенција Ројтерс јавува дека в недела се очекува владата официјално да ја прогласи Либија за слободна, по убиството на Моамер Гадафи. Џибрил ја советува следната либиска влада да не дозволи политиката да влијае врз нафтените договори.
XS
SM
MD
LG