Достапни линкови

Русија отвори „црна листа “ за десетици американски граѓани


Русија им забрани влез во земјата на десетици американски официјални претставници поради обвиненија за инволвираност во прекршување на човекови права. Во соопштението од руското министертво за надворешни работи е наведено дека на црната листа се ставени луѓе кои се инволвирани во киднапирања на наводно осомничени за тероризам, за тортура на затвореници во Гвантанамо, за убиства на цивили во Авганистан и Ирак и за киднапирање на Руси во САД. Ваквата мерка е одговор на американската црна листа што во јули беше објавена, со која се забранува влез во САД на десетици руски лица кои наводно биле вклучени во убиството на Сергеј Магнитски.
XS
SM
MD
LG