Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Повлекувањето на војниците од Ирак e „ново поглавје “


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека американската посветеност на демократската иднина во Ирак е „силна како и секогаш“ без разлика на повлекувањето на американските војници од земјата. Клинтон во својот говор при посетата на Таџикистан изјави дека токму тоа отвара ново поглавје во американско- ирачките односи. Во петокот американскиот претседател Барак Обама соопшти дека 40-те илјади војници ќе бидат повлечени од Ирак до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG