Достапни линкови

logo-print

САД и ОН бараат итен трансфер на власта во Јемен


Соединетите Држави повикаа на итна смена на власта во Јемен, откако вчера Советот за Безбедност на Обединетите Нации усвои резолуција со која се осудуваат насилствата во Јемен и се повикува претседателот Али Абдула Салех веднаш да си поднесе оставка. Стејт Департментот соопшти дека пораката е јасна, Салех мора да му дозволи на јеменскиот народ да живее без насилство и во слобода.
XS
SM
MD
LG