Достапни линкови

logo-print

Клинтон во посета на Таџикистан и Узбекистан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска е во Душанбе, во прва нејзина посета на Таџикистан. Главна тема на разговорите со домаќините ќе биде битката против исламистичките милитанти во регионот и спречувањето на трговијата со дрога. По Душанбе, Клинтон е предвидено да замине и во посета на соседен Узбекистан. Таџикистан и Узбекистан се дел од земјите преку кои оди снабдувањето на американските сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG