Достапни линкови

Можни нови преговори меѓу КФОР и косовските срби за барикадите


Командантот на НАТО на Косово, германскиот генерал Ерхард Древс изрази готовност денеска да разговара со локалните срби за отстранување на барикадите во северниот дел на Косово. Тој оцени дека србите треба да разберат оти ќе биде подобро и за нив доколку патиштата се проодни. Претседателот на Србија Борис Тадиќ ги повика косовските срби да овозможат непречено минување на КФОР и на ЕУЛЕКС, доколку не превезуваат припадници на косовските институции. Во соопштението до јавноста, Тадиќ бара и од КФОР да се воздржи од примената на сила на Косово. И српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека КФОР и ЕУЛЕКС не треба да применуваат сила, бидејки барикадите биле дел од политичка битка. Тој ги повика и србите од Косово да не влегуваат во судири со меѓународните сили. Србите на северот на Косово сеуште не отстапуваат од барикадите со кои ги блокираат патиштата кон граничните премини Брњак и Јариње.
XS
SM
MD
LG