Достапни линкови

Амнести - Бугарија нелегално продавала оружје


Во последниве пет години Бугарија илегално и продавала оружје на Либија, со што го кршела ембаргото за извор на оружје во оваа земја, изјави експертот за трговија со оружје и човекови права на меѓународната организација „Амнести Интернешанл“, Хелен Хјуз.
- Бугарија им продавала оружје и на Египет и Јемен и покрај кршењето на човековите права во тие земји, нагласи Хјуз.
Неодамна „Амнести Интернешанл“ објави извештај во која се тврди дека покрај Бугарија, оружје на „репресивните режими на Блискиот Исток и во Северна Африка“ им продавале и САД, Русија, Германија, Франција, Италија, како и други европски земји.
XS
SM
MD
LG