Достапни линкови

КФОР е должен да обезбеди слоободно движење на Косово


Kosovo - A Kosovo Serb man sits on a truck in front of Kosovo Force (KFOR) soldiers from Germany in the village of Jagnjenica near the town of Zubin Potok, 20Oct2011

Kosovo - A Kosovo Serb man sits on a truck in front of Kosovo Force (KFOR) soldiers from Germany in the village of Jagnjenica near the town of Zubin Potok, 20Oct2011

Командантот на силите на НАТО во Косово Ерхард Древс изјави денеска пред насобраните Срби во селото Зупче во северно Косово, дека согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, КФОР се должни да обезбедат слобода на движење за сите во Косово и ќе го сторат тоа за непречено движење на луѓе, како и за економијата и туризмот.
Древс истакна дека КФОР се должни да обезбедат слобода на движење на сите, вклучувајќи на членовите на европската мисија ЕУЛЕКС. Тој ја оцени ситуацијата како мирна.
Во реонот на селото Зупче се наоѓаат оклопни возила на германски и унгарски војници на КФОР.
Во исто време шефот на мисијата на ЕУ во Србија Венсан Дежер ја отфрли можноста за преговори по српските услови и изрази надеж дека српските власти можат да ги убедат граѓаните дека барикадите не се решение.
XS
SM
MD
LG