Достапни линкови

Грчката криза и во Македонија


Протестите во Грција не сопираат.
Протестите во Грција не сопираат.

Намалување на грчките инвестиции и извозот, штети од неработењето на солунското пристаниште - ризици за домашната економија поради грчката криза.

Кризата во Грција ќе има ефект врз македонското стопанство, се согласуваат економистите. Ризикот примарно се согледува во грчките стопански инвестиции и извозот како и пласманот на македонските производи на странските пазари бидејќи најчесто преку Солунското пристаниште земјава се поврзува со светот, објаснува Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански
Нема да има грчки инвестиции во следниот период, а главно опасно за македонската економија е намалување на извозот од Македонија во Грција.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
комори:

„Треба да се очекува дека нема да има грчки инвестиции во следниот период, а главно опасно за македонската економија е намалување на нарачките од грчка страна од македонски компании, значи намалување на извозот од Македонија во Грција и попречување на транспортните коридори што деновиве е на сцена.“

Што е со грчките инвестиции во македонскиот финансиски сектор? Во земјава има неколку грчки банки од кои едната е дел од четирите големци. Чекреџи вели дека овие институции работат по македонски правила:
Банките засега се сигурни, велат експертите
Банките засега се сигурни, велат експертите


„Јас мислам дека не зависат толку многу особено банкарскиот систем кој е обврзан да работи според македонските банкарски закони и е под контрола на Народната банка на Македонија.“

Лаички би можело да се заклучи дека Македонија е ставена во позиција да ги чека негативните ефекти од кризата кај јужниот сосед. Се поставува прашањето дали ваквите последици можеа да се избегнат доколку Македонија инвестираше во инфраструктурата, барајќи повеќе алтернативи на солунскиот коридор. Постојат алтернативи кои може во иднина да се искористат вели економскиот аналитичар Висар Адеми, кој
Мислам дека се уште инфраструктурните проекти не се приоритет на владата, мислам дека се уште се фокусираме на култура и на други капитални инвестици.
Висар Адеми, економски аналитичар.
забележува дека до сега немало доволно инвестиции во тој поглед:

„Не, запоставени се сите. Сега гледам дека Коридорот 8 најверојатно ќе го има своето фијаско бидејќи е оставен во заборав од финансиските инстиуции и мислам дека и државата не прави голем напор да го активира тој Коридор 8.“

Македонија треба повеќе да работи, додава Адеми:

„Мислам дека се уште инфраструктурните проекти не се приоритет на владата, мислам дека се уште се фокусираме на култура и на други капитални инвестици. Нешто гледам во последно време раздвижување околу тие алтернативни патишта, но тие водат кон Коридорот 10, не кон Коридорот 8.“

Инаку, Македонија е премин меѓу Албанија и Бугарија, односно меѓу Јадранското Море и Црното Море кои се поврзуваат со Коридорот 8, со што на земјава би и се овозможил пристап до пристаништата во Драч и Бургас.

Од друга страна, дел од стопанствениците деновиве за медиумите изјавија дека Република Македонија со Грција ги нема потпишано ниту основните договори за двојно оданочување и за заштита на инвестициите.
XS
SM
MD
LG