Достапни линкови

Турција бара поддршка од Иран против курдите


Турција бара иранска поддршка во копнената офанзива против курдските бунтовници во северниот дел на Ирак. Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска во Анкара имаше средба со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи посветена на потесната соработка против курдските бунтовници. Од средата околу 10 илјади турски војници се во акција на границата со Ирак откако бунтовниците убија 24 припадници на турските сили.
XS
SM
MD
LG