Достапни линкови

Грчкиот парламент го изгласа законот за мерките за штедење


Протести пред Парламентот во Атина

Протести пред Парламентот во Атина

Грчкиот парламент синоќа го изгласа законот за мерките за штедење, со кој се намалуваат платите и се зголемуваат даноците. Овој закон ќе и овозможи на Грција нова транша од спасувачкиот план и ќе ја извлече од банкрот.
Сите пратеници од владејачката социјалистичка партија ПАСОК, со исклучок на една пратеничка, им дадоа поддршка на сите текстови од законот, и покрај дводневните масовни протести кои се одржуваат пред Парламентот. За време на демонстрациите, еден човек загина а 74 беа повредени.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу го поздрави гласањето во писмо, кое го прочита претседателот на Парламентот, и го објави исклучувањето од партијата на поранешната министерка за труд Лука Кацели, која беше единствената од владејачката партија што гласаше против овој закон.
XS
SM
MD
LG