Достапни линкови

Западните лидери преку видео врска разговарале за кризата во еврозоната


Американскиот претседател Барак Обама преку видео-конференција разговараше со лидерите на Франција , Германија и Велика Британија за кризата во еврозоната. По разговорите Белата куќа испрати соопштение во кое се наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола, кои се доминантни лидерите на евро-зоната, работат ревносно на изнаоѓање на сеопфатно политичко одржливо решение на проблемот.

До разговорот на четворицата лидери дојде по објавувањето на веста дека еврозоната се уште останува поделена за тоа како да се одговори на проблемот кој го има Грција и за тоа како да се зајакне финансискиот и банкарскиот ситем во Европската унија.
Во заедничката изјава, Франција и Германија соопштија дека ЕУ лидерите заедно ќе разговараат за решение на кризата на самитот
што треба да се одржи во недела, по што треба да се одржи уште еден состанок идната среда кога треба да бидат донесени конечните одлуки.
XS
SM
MD
LG