Достапни линкови

Запатеро ја поздрави одлуката на ЕТА за прекин на вооружената борба


Членови на ЕТА

Членови на ЕТА

Премиерот на Шпанија Хозе Луис Родригес Запатеро ја поздрави објавата на баскијската организација ЕТА дека дефинитивно се откажуваат од вооружена борба. Запатеро рече дека тоа е „победа на демократијата, законот и разумот“.
Обајвата на ЕТА ја поздрави и лидерот на опозициската десница во Шпанија Мариано Рахој. Но тој побара и „неповратно распуштање „ на организацијата.

ЕТА претходно соопшти дека се откажуваат од 40 годишната вооружена борба за независнот на Баскија.За тој период загинале повеќе од 800 луѓе.
САД и ЕУ ја сметаа за терористичка организација. ЕТА прогласи траен прекин на огнот во јануари, но досега не се откажуваше од вооружена борба како средство за постигнување на независна баскиска држава.
XS
SM
MD
LG