Достапни линкови

Советот за безбедност ќе расправа за Јемен


Анти- владини протести во Јемен

Анти- владини протести во Јемен

Советот за безбедност на ОН денеска треба да гласа за нацрт
резолуција со која ќе се осуди насилството и кршењето на човековите права
во Јемен. Дипломатски извори велат дека резолуцијата која не содржи никави мерки за санкции или други мерки проитив властите во Јемен, најверојатно ќе биде донесена.

Предлог резолуцијата изготвена од Велика Британија и европските сојузници ги осудува убиствата за кои се обвинува Владата, и го повикува претседателот Али Абдула Салех да ја предаде власта . Тоа исто така, ги повикува сите страни во конфликтот да ја отфрлат употребата на насилство и одговорните за злоупотреби на правата да одговараат за нивните дела.

Ова е прв пат Советот за безбедност да разговара за справувањето со ситуацијата во Јемен.
XS
SM
MD
LG