Достапни линкови

logo-print

Да се гласаат без страв побара премиерот на Тунис


Тунис

Тунис

Премиерот на Тунис побара од граѓаните да гласаат без страв на изборите во недела, први откако беше соборен поранешниот претседател
Зине Абедин Бен Али.

Во телевизиското емитување, премиерот рече дека изборите ќе се одржат без изборни нерегуларност и без насилства. Ќе се гласа за избор на 217 членови на Собранието, кое треба да го изготви новиот Устав и да назначи претседател кој ќе ја води земјата дури трае процесот на изработка на Уставот. Се очекува процесот да трае една година. Тунис е прва земја во која ќе има избори по „арапската пролет“.
XS
SM
MD
LG