Достапни линкови

Обвинети заговарачите на атентат на саудискиот амбасадор во САД


Амбасада на Саудиска Арабија во САД

Амбасада на Саудиска Арабија во САД

Судот во Њујорк обвини дваја Иранци под сомнение дека се вмешани во заговорот за атентат на амабасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон. Минатата недела, американските власти соопштија дека двајца мажи поврзани со безбедносните агенции на Иран, имаат намера да го убијат амбасадорот Аделал Џубеир.

Еден од осомничените е уапсен во Њујорк, а за другиот се верува дека е во Иран. Тој што е уапсен ќе биде изведен пред судот во понеделник. Двајцата се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство на странски функционер, заговор за користење оружје за масовно уништување, и заговор за извршување акт на тероризам.
Иранската влада негираше каква било инволвираност во заговорот и ги отфрли обвиненијата како неосновани.
XS
SM
MD
LG