Достапни линкови

Пакистан бара место во Советот за безбедност на ОН


Совет за безбедност на ОН

Совет за безбедност на ОН

Пакистан денеска ќе бара да добие место покрај ривалот Индија во Советот за безбедност на Обединетите нации. Генералното собрание на ОН, составено од 193 челнови, денеска треба да избе пет нови непостојани членки на Советот за безбедност, кои ќе имаат мандат од две години.

Пакистан се натпреваруваа со Киргистан за едно место од регионот Азија-Пацифик. Пакистан од стекнувањето на независност во 1947-та, досега, шест пати била членка на Советот за безбедност, а Киргистан ниту еднаш.

Индија се приклучи на Советот на почетокот на оваа година,
и треба да остане до 2012 година. Другите земеји кои се натпреваруваат за место во советот се Азербејџан, Унгарија и Словенија за место што ќе биде испразнето од Босна и Херцеговина на крајот на оваа година. Советот за безбедност има пет постојани членки со право на вето, а тоа се Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
XS
SM
MD
LG