Достапни линкови

logo-print

Почина човек на протестите во Атина


При денешните протести во Атина што станаа насилни, еден човек почина од срцев удар , откако бил однесен во болницата повреден , јавуваат новинските агенции. Пред парламентот дојде до судир меѓу две ривалски демонстантски групи кои фрлале камења и молотови коктели. На вториот ден од протестите излегоа околу 50 илјади луѓе кои штрајкуваат против владините мерки за штедење кои вечерва треба да се донесат во Парламентот. При судирите интервенирала и полицијата со солзавец и шок бомби.
XS
SM
MD
LG